Вести Свет

Раздор меѓу МАГА базата и Републиканците по однос на нападите врз Иран

Најтврдокорните поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп, т.н МАГА база, е поделена по однос на почетокот на најновата американска интервенција на Блискиот Исток.

Во анкета спроведена минатиот месец, само половина од МАГА базата поддржувала воена интервенција во Иран, додека 30 проценти биле против.

Овие бројки, споредени со речиси едногласноста на гласачите на демократите, кои отсекогаш се против воена интервенција во Иран, посочуваат дека мнозинството Американци не сакаат нова војна.

Загриженоста на репубнликанските лидери произлегува од фактот што во ноември ги очекуваат исклучително важни избор за Конгресот, кои можат да клучни за исполнувањето на агендата на Трамп во преостантите две години од неговиот мандат.

Последните анкети за ноемвриските избори покажуваат дека Американците се многу позагрижени за економските прашања и непрекинатиот раст на трошоците за живот, и сметаат дека администрацијата на Трамп посветува премногу внимание на меѓународната сцена.

Поддршката за интервенцијата кај 50-те проценти од МАГА републиканците е условена со брза разрешница на конфликтот, предупредуваат политичките аналитичари. Доколку САД повторно се вплеткаат во долгорочна војна на Блискиот Исток, тие очекуваат расположението во републиканската база брзо да се промени.

Тоа што го предизвикува интересот на американските политички аналитичари е дали во следните месеци Трамп ќе успее да ги убеди своите поддржувачи да застанат зад последната негова воена интервенција, по спектакуларниот успех во Венецуела, кој и го охрабри овој посмел, во воена смисла на зборот, пристап на Трамп кон меѓународната политика.

Дали Трамп повторно ќе успее да ја убеди својата база да поддржи уште едно негово непопуларно политичко решение, како што тоа го направи со царините и острата промена во меѓународната политика, или неговите тврдокорни поддржувачи ќе му го свртат грбот и ќе ги поведат и останатите конзервативни гласачи во спротивната насока.

Токму 49 проценти од вкупниот број гласачи кои го поддржаа Трамп на минатите избори во 2024 година, и себеси не се сметаат за МАГА Републиканци, сметаат дека претседателот премногу внимание посветува на надворешната политика, и нивната поддршка ќе биде клучна во тоа дали Републиканците ќе го задржат мнозинството во Сенатот и Претставничкиот дом.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Безбeден град и во Охрид, камерите снимаат но засега нема да се казнува

Дејан Дејан

Расте бројот на загинати во Венецуела, повеќе од 50 000 луѓе се пријавени за исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе