Израелскиот државен авион „Wing of Zion“ е префрлен на аеродромот БЕР во Берлин, соопшти новинската агенција ДПА. Агенцијата денеска објави снимки од паркираниот авион на тармакот на аеродромот, потхранувајќи ги шпекулациите дека Израелците го евакуирале државниот авион за да ја гарантираат неговата бебзедност, односно да не биде уништен или оштетен во евентуален ирански напад.
Според ДПА, израелскиот државен авион полетал од Тел Авив вчера доцна попладне и неколку часови летал над Медитеранот, пред да слета во Берлин.
„Wing of Zion“ е Боинг 767 опремен за официјални државни патувања, и него го користат и премиерот и претседателот на Еврејската држава.
Засега ниту берлинскиот аеродром, ниту пак израелската амбасада во германската престолнина не ја откриваат причината зошто израелскиот државен авион се наоѓа во Берлин.
