Едно лице загина а 11 други беа повредени во аеродромите во Дубаи и Абу Даби, за време на иранските одмазднички напади врз земјите од Блискиот Исток и Персискиот Залив.
Властите во Абу Даби соопштија дека едно лице загинало а седум биле повредени откако противоздушната одбрана на Емиратите пресретнала иранско беспилотно летало чии остатоци паднале врз меѓународниот аеродром Зајед.
Штета била предизвикана и врз Меѓународниот аеродром во Дубаи, најфреквентниот аеродром на светот при што биле повредени четворица припадници на неговиот персонал.
Илајдници летови ширум регионот беа откажани или одложени, што претставува најсериозното нарушување на меѓународниот авионски сообраќај уште од Ковид пандемијата.
Освен аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, ирански беспилотни летала беа уништени во близина на пристаништето Џебел Али во Дубаи, а напад беше забележан и врз аеродромот во Бахреин.
Катар, Бахреин, Јордан и Кувај сите тврдат дека пресретнале ирански ракети, но сепак остатоците од нив предизвикале голема материјална штета.
Во нападите не беше поштеден ниту Оман, земјата која со месеци макотрпно работеше за постигнување договор меѓу САД и Иран. Според властите во заливската држава, ирански беспилотни летала го нападнале комерцијалното пристаниште Дукм, при што било повредено едно лице.
