Вести Македонија

Отворен рокот за субвенциониран студентски оброк до 5 март

Министерство за образование и наука информира дека од денеска до 5 март 2026 година трае рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година.

Правото може да го користат редовни студенти на додипломски студии со месечен приход понизок од минималната нето плата, како и студенти на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

Студентите што ги исполнуваат условите, а досега не аплицирале, можат да поднесат електронска апликација преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што се објавени и деталните услови и информации за поддршка.

Можност за повторно аплицирање имаат и студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, доколку сметаат дека ги исполнуваат условите. Рокот важи и за сите кои не аплицирале во претходните активни периоди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Безбeден град и во Охрид, камерите снимаат но засега нема да се казнува

Дејан Дејан

Расте бројот на загинати во Венецуела, повеќе од 50 000 луѓе се пријавени за исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе