Вести Македонија

Реакции за законот за високо образование

Професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и поранешна министерка за образование Рената Дескоска остро реагираше во јавноста по повод расправата за новиот Закон за високо образование, оценувајќи дека тезите оти актуелниот закон од 2018 година е виновен што ниту еден македонски универзитет не е меѓу првите 1.000 на Шангајската листа, се неосновани.

Дескоска посочува дека ниту во периодот на важност на законот од 2018 година, ниту во времето на претходниот закон, универзитетите од земјава не биле рангирани на Шангајската листа.

Таа прави јасна разлика меѓу два концепта – стимулирање преку финансиска поддршка за објавување во индексирани списанија, како што предвидува актуелниот закон, и пристапот на условување и принуда преку задолжителни критериуми за избор во звање, каков што содржи новиот предлог.

Според неа, особено проблематичен е условот за задолжителен h-индекс при избор во звање, бидејќи станува збор за параметар што не зависи исклучиво од кандидатот, туку од тоа колку неговите трудови ќе бидат цитирани од други автори.

„Ако се пропишуваат услови, тие мора да бидат остварливи и во надлежност на кандидатот“, наведува Дескоска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе