Балкан Вести Македонија Свет

Грците со затворски казни за нелегално следење со шпионскиот софтвер „Предатор“, а македонската фирма која го правеше се затвори и никој не одговараше

Македонската фирма Сајтрокс која со израелски газди и пари го препакуваше малициозниот софтвер Предатор за следење на телефони, цела година е затворена без одговорност додека во Грција за користењето пресудија и затворски казни.Во 2023-та комапнијата се најде на црната американска листа, и оттогаш е под санкции, што само го забрза нејзиното пропаѓање. Скандалот околу „Предатор“ избувна во 2022 година, кога во јавноста излегоа тврдења дека новинар и политички лидер биле следени. Симптоматично во целиот случај е што софтверот бил развиван или препакуван во Македонија.

Додека светот алармираше за шпионскиот софвтвер Предатор кој беше користен во Грција и Египет за следење на телефони на новинари и политичка опозиција, во Македонија немаше никаков завршеток на истрага за скопската фирма Сајтрокс под чие име се произведуваше алатката за следење на паметни телефонски уреди. Компанијата која го произведуваше Предатор е затворена лани во февруари  со стечајна постапка.

Пред два дена пак Грција го заврши судскиот процес во аферата Предаторгејт за следење на политички опозиционери и новинари  осуди 4-ца директори на компанијата Интелекса која го креираше како иновација софвтерот Предатор. Осудени се на вкупно 126 и пол години затвор, а секој треба да одлежи најмалку 8 години зад решетки.

Предатор беше наменет за сеопфатно следење на паметни телефони и со него можеше да се  прислушуваат разговори, да се читаат пораки и да се следи локацијата. Софвтерот се инсталираше и активираше при отварање на пратен спам мејл или порака до корисникот на телефонот.

Во скандалот беше вмешана и македонската фирма Сајтрокс, а според првичните информации Израелците го избрале Скопје бидејќи поради непрецизирани закони, шпионскиот софвтер можеше да се развива и како информатичка опрема без да се пријави како оружје или воена алатка. Во Скопје покрај програмери, главно се работело на препакување на израелскиот софвтер кој понатаму е продаван на заинтересирани страни.

Скандалот во Грција беше отворен 2022-ра, по што Сајтрокс фирма со израелски капитал, а со македонско седиште почна да пропаѓа и лани е затворена. Македонските истражни органи кои имаат законска можност за следење на комуникации тогаш се изјаснија дека не го користеле Предатор на македонска територија. Никој не беше истражуван за злоупотреби и нарушување на човековите права.

Од друга страна грчкиот суд кој ја донесе пресудата за одговорните, соопшти дека ќе ги извести обвинители за да почнат нова прелиминарна истрага во врска со обвинувањата против повеќемина други поединци за тајната употреба на шпионскиот софтвер.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе