Вести Македонија

Андоновски за забраната на социјални медиуми: Ако почнеме да забрануваме, дали утре ќе треба да забраниме и телевизии?

Министерството за дигитална трансформација ќе иницира јавна расправа за можната регулација на пристапот на малолетници до социјалните мрежи, најави министерот Стефан Андоновски, посочувајќи дека строгата забрана не е едноставно решение и отвора сериозни дилеми.

„Забраната звучи наједноставно, но носи два предизвици – технички и правен. Ако родителот му купи телефон на свое име на детето, државата не може да знае кој го користи. Акаунтот може да биде лажно деклариран како за лице над 18 години или да се користи VPN пристап“, изјави Андоновски.

Според него, ограничувањето на пристапот отвора и прашања за границите на државната интервенција во приватната сфера.

„Ако државата почне да забранува содржини во домашната сфера на граѓаните, каде е границата – дали утре ќе забрануваме и телевизии?“, праша министерот.

Андоновски нагласи дека ставот на министерството од почетокот бил фокус на едукација наместо рестрикции. Министерот предупреди дека целосна забрана тешко може да биде ефикасна.

„Искрено, мислам дека со забрани нема да ја постигнеме целта за побезбеден интернет. Тоа е трка меѓу мачка и глушец. Како кај нелегалното онлајн коцкање – постојано се отвораат нови апликации и државата трча по нив. Ниту еден министер во светот не може да гарантира 100% забрана, дури и во авторитарни режими“, изјави Андоновски.

Тој посочи дека постои генерациски јаз меѓу наставниците, родителите и децата во однос на користењето на дигиталните алатки и дека институциите имаат обврска да помогнат во препознавање на ризиците.

Т.Д.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе