Македонија го загуби првиот предмет пред Европскиот суд за човекови права поврзан со нечовечко постапување во затворот „Идризово“.
Затвореник успеа да докаже дека бил брутално претепан од затворски полицаец, откако домашните судови не утврдиле одговорност за инцидентот.
Настанот се случил на 3 август 2020 година пред затворската кантина, кога, според наводите во тужбата, затвореникот бил изложен на тортура.
Тој пред Судот во Стразбур тврдеше дека државата не спровела ефективна истрага за случајот и дека му биле повредени основните човекови права.
Соочена со доказите, Владата поднела унилатерална декларација со која признала повреда на член 3 од Европската конвенција за човекови права.
Државата се обврзала да му исплати 11.295 евра за нематеријална штета, по што Судот одлучи да го затвори предметот.
Б.С.
