Минатата недела, од 16 до 22 февруари, во Македонија се регистрирани 1.113 случаи на грип и слични респираторни заболувања, што претставува намалување од 3,2 отсто во споредба со претходната недела, објави Институтот за јавно здравје.
Највисока инциденца е забележана кај децата до четири години.
Од вкупниот број заболени, 621 биле лица на возраст од 15 до 64 години, 185 биле деца од пет до 14 години, а 143 лица над 65 години… Најмногу случаи се пријавени во Скопје – 669, додека во неколку помали градови бројот на заболени е под 30, а во некои нема пријавени случаи.
Во сезоната 2025/2026, досега регистрирани се 14.984 случаи на грип, а вкупно 79.118 лица се вакцинирани со бесплатна или комерцијална вакцина против ова сезонско заболување.
