Вести Македонија

СДСМ: Филков е дел од циркусот зад кој се крие криминалната власт и диловите на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ

Министерот Игор Филков нека не се прави како да не е од тука. Тој е дел од циркусот, од режираното сценарио на криминалната власт и диловите на ВМРО со ДУИ. Филков многу добро знае: За договореното сценарио за враќање на Груби. За дилот меѓу ВМРО и ДУИ кое се реализира пред очите на јавноста. За контролата врз судството и обвинителството од страна на нивната тендер коалиција ВМРО-ЗНАМ, стои во реакцијата на СДСМ.

Според партијата за менувањето на јавниот обвинител за да се инсталира нов под контрола на власта. За сопругата на екс градоначалник на ВМРО која ја назначија за член на Судскиот совет. За советникот на Мицкоски кој беше избран во Уставниот суд.

  • Знае и дека шефот на Обвинителот кој побара куќен притвор за Груби беше избран на оваа функција во Скопското јавно обвинителство пред еден месец. Знае и дека МВР, раководено од Панче Тошковски и АНБ раководена од Бојан Христовски дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор. Филков, Тошковски, Христовски сите се во служба на ВМРО-ОКГ и на крими државата и тоа на сите им е јасно, соопштуваат од СДСМ.

Филков: Ги повикувам Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници и да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два активни и еден изгаснат пожар – гори во штипската населба Света Недела и во село Матејче

Sasko Dimovski

Барселона го постави знамето на виножитото за почеток на прославите на гордоста

Дејан Дејан

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе