Вести Македонија Најважни

По 14-месечно бегство, Обвинителството предлага куќен притвор за Артан Груби, осомничен за проневера во служба и над 8 милиони евра штета

Обвинителството смета дека Артан Груби кој беше во бегство повеќе од 14 месеци, утрово доброволно се предал и предлага затворскиот притвор да му се замени со куќен притвор и одземање на пасошот. Обвинителството смета и дека Груби не е безбеден во притворска келија во затворот Скопје, во Шутка.

-Во понатамошниот тек на постапката Основното јавно обвинителство Скопје предложи замена на мерката притвор со мерка куќен притвор и одземање на патна исправа, имајќи го во предвид фактот во најголем дел се обезбедени доказите во текот на постапката, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, кои индиции се поткрепени со известувања од надлежните органи, соопшти Јавното обвинителство дури два часа после напуштањето на Јавното обвинителство кој беше спроведен во скопскиот Кривичен суд.

Груби и во наредните денови ќе продолжи да ги разгледува списите на предметот во кој тој е второосомничен за проневера во служба, првично по одредба со која е запретена најмалку 4 години казна затвор без прецизиран максимум и може да биде 20 години.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби е осомничен во случај кој според кривичната пријава тежи над 8 милиони евра штета.

Артан Груби инаку беше ставен и на црната листа на САД неколки дена пред да избега, поради сомнежи за вмешаност во корупција во судските предмети за екс директорот на УБК, Сашо Мијалков. Обвинителството тогаш соопшти дека ќе ги истражува тврдењата на американскиот Стејт Департмент.

Целото соопштение на Јавното обвинителство:

Основното јавно обвинителство Скопје по добивањето на известувањето дека второосомничениот во предметот за Државната лотарија каде е осомничен заедно со уште пет лица, доброволно се пријавил на органите на прогонот и изразил подготвеност да соработува со надлежните органи, ќе ја продолжи постапката за истиот со цел донесување на јавнообвинителска одлука.

На барање на второосомничениот преку неговата одбрана истиот во текот на денешниот ден беше спроведен пред надлежниот обвинител каде вршеше увид во списите на предметот, но поради обемноста на доказниот материјал увидот ќе продолжи наредните денови по што на второосомничениот ќе му биде овозможено да ја даде својата одбрана.

По однос на мерките за обезбедување на присуство на второосомничениот во понатамошниот тек на постапката Основното јавно обвинителство Скопје предложи замена на мерката притвор со мерка куќен притвор и одземање на патна исправа, имајќи го во предвид фактот во најголем дел се обезбедени доказите во текот на постапката, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, кои индиции се поткрепени со известувања од надлежните органи. Исто така индициите за загрозената безбедност се однесуваат и на членовите на неговото семејство.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов закон за органодарителство – одлуката ќе ја носи самиот граѓанин

Sasko Dimovski

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот скандал е политички избор

Дејан Дејан

СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси – реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе