Три лица загинаа во пад на хеликоптер во областа Амур на рускиот далечен исток, соопштија локалите власти, пренесува „Анадолија“.
Станува збор за приватен хеликоптер од типот „Робинсон“ кој во текот на денот исчезна од радарскиот систем.
Отпочната е истрага за околностите за несреќата. Причините сè уште се непознати. Меѓутоа источносибирското транспортно обвинителство во соопштение наведе дека хеликоптерот му припаѓал на загинатиот пилот кој немал дозвола за управување со леталото.
Исто така е наведено дека хеликоптерот не бил официјално регистриран, во согласност со прописите.
