Вести Свет Топ вести

Се помалку дизел возила во ЕУ, бројот на електричните зголемен за 45 пати

Бројот на дизел возила во Европската Унија (ЕУ) во изминатата деценија се намалил за 67 отсто, за разлика од оние на бензински и електричен погон кои бележат раст, објави Еуростат.

Во периодот од 2014 до 2024 година, во 20 земји од ЕУ за кои има податоци, а претставуваат 93 отсто од вкупниот пазар на Унијата, бројот на возила на бензин, вклучувајќи ги и хибридите, се зголемил за 60%.

Огромен раст од 45 пати бележат електричните возила. Во 2014 година нивниот број бил само 0,3 отсто од регистрираните возила во ЕУ, додека во 2024 е зголемен на 13,9 проценти.

Раст од 13 отсто има и кај возилата што користат други алтернативни горива – течен нафтен гасо, природен гас, водород и горивни ќелии, биоетанол, биодизел, биогориво и друго.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе