Претседателот на САД, Доналд Трамп вели дека апсењето на поранешниот принц Ендру „е срамота“. Претседателот изјави дека апсењето на поранешниот принц е „многу тажно и лошо за кралското семејство. Трамп го пофали крлатот и откри дека „многу наскоро ќе го посети “.
Ендру беше ослободен од притвор синоќа, но останува под истрага, откако претходно беше уапсен заради сомневањата дека извршил злоупотреба додека ја имаше титулата принц на Британската монархија.
Британскиот крал изрази „длабока загриженост“ за случајот, но и додаде дека законот мора да биде спроведен.
-Мислам дека е штета. Мислам дека е многу тажно. Мислам дека е толку лошo за кралското семејство. Многу, многу тажно за мене, тоа е многу тажно. Кога го гледам тоа, тоа е многу тажно. Да се види тоа и да се види што се случува со неговиот брат, кој очигледнo доаѓа во нашата земја многу наскоро, тој е фантастичен човек, крал. Значи, мислам дека е многу тажно. Навистина е интересно бидејќи никој не зборуваше за Епстин кога беше жив, но сега зборуваат. Но, јас сум оној што може да зборува за него бидејќи сум целосно ослободен. Не направив ништо, всушност направив спротивното. Тој беше против мене, се бореше против мене на изборите – што штотуку го открив во последните милиони страници документи, изјави Трамп.
