Градоначалникот Ѓорѓиевски во вечерашната „Топ Тема“ беше прашан дали платил казна за ненавремено недоставување на анкетниот лист до ДКСК. Тој призна дека била негова неодговорност поради преголемиот фокус и обврските во Градот Скопје, па така платил казна и го доставил анкетниот лист.
Сепак Ѓорѓиевски најави дека во наредниот период ќе го постави прашањето за останатите функционери кои не ги доставиле анкетните листови, бидејќи како што вели тој бил лично споменат од претседателот на ДКСК Адем Чучуљ како единствен функционер кој тоа не го направил.
Тој посочи дека неговата состојба е непроменета уште кога бил советник во општината Кисела Вода и дека претходно имал повеќе возила, а сега има само едно возило.
Орце Ѓорѓиевски ќе го пополни анкетниот лист следната недела и ќе ја плати казната
Т.Д.
