Вести Македонија Најважни

(фото+видео) ССМ со блокада на Владата бара поддршка за предлогот 600 евра минималец

Нова блокадата и нов протест пред генерален штрајк. Сојузот на синдикатите на Македонија денеска во 11 часот ги блокира вратите на Владата со исто барање, поддршка за предлогот за 600 евра минималец и сто евра раст на останатите плати, но и со истиот аргумент, стандардот на граѓаните не може да ја издржи скапотијата.

Со по 21 човек, колку што налага Законот за јавни собири, се блокирани влезовите на Владата која денеска треба да одржи редовна седница.

За Вестите на Телма во 12:30 од протестот се јави Огнен Чанчаревиќ

Од ССМ очекуваат дека ќе наидат на разбирање и посочуваат дека Владата има можност на седницата да донесе одлука за зголемување на платите на работниците.

ССМ утре ја блокира Владата – во најава нов протест и генерален штрајк

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе