Вести Свет Топ вести

(Видео) Тројца убиени на хокеарски терен во Род Ајленд

Tројца луѓе се убиени, вклучувајќи го и осомничениот, во пукање на хокеарско лизгалиште на Род Ајленд каде што бил закажан натпревар по младински хокеј. Уште три жртви се хоспитализирани во критична состојба. Властите изјавија дека веруваат оти пукањето било насочен напад што произлегол од семеен спор. Пукањето се случило во арената Денис М. Линч на неколку милји од Провиденс.

Полицијата во Потакет доби повик околу 14:28 и 14:30 часот попладнево дека имаме активен напаѓач во Линч Арената. По пристигнувањето, полицијата  се сретна со неколку луѓе, очигледно, во арената и имаше две жртви во неа. Осомничениот беше потврден како една од тие жртви. Подоцна дознавме дека уште една жртва од пукањето е во болница, дека им подлегнала на повредите откако била примен во болница. И има уште три жртви во болницата кои сите се вокритична состојба во овој момент, изјави Тина Гонкалвес,  шеф на Полициски оддел на Потакет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе