Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе биде „индиректно“ вклучен во новата рунда разговори меѓу САД и Иран што започнуваат во Женева.
Тој рече дека верува оти Техеран сака договор за својата нуклеарна програма и предупреди дека последиците од неуспех на преговорите би биле сериозни.
Разговорите, посредувани од Оман, доаѓаат по зголемените тензии и американските воени закани… Вашингтон најави дека покрај нуклеарната програма, сака да разговара и за иранскиот ракетен арсенал.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека е во Женева за да постигне „фер и праведен договор“, но нагласи дека „покорување пред закани“ не е опција.
Американскиот државен секретар Марко Рубио оцени дека постои дипломатска можност за договор, но предупреди дека процесот ќе биде тежок.
