Вреди е коалиција на суети, таму имаме луѓе меѓу кои секој смета дека е поголем заштитник на албанскиот гласач во Македонија, изјави политикологот Иво Ранѓеловиќ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„И секој од нив се обидува како таков да се наметне и продаде. Не дека кај македонскиот блок е нешто поарно, меѓутоа е поизразито кај албанските партии. Мислам дека тоа е најголемиот проблем, иако на почетокот беше една предност, бидејќи како такви го срушија ДУИ и дојдоа на власт. Од друга страна, имаат проблем дека се во влада со една десничарска македонска партија која се наметнува во јасноста како чувар на националниот идентитет, интереси, итн. “, смета Ранѓеловиќ.
Според него, тоа во очите на албанскиот народ создава дополнителен притисок.
„Згора на се, бројките не се такви како ДУИ кога беше во коалиција со СДСМ, па СДСМ беше донекаде и сервилен кон ДУИ; Сега Вреди не ужива такво владеење. И уште еден дополнителен проблем е самата ДУИ како опозиција“, додаде Ранѓеловиќ.
С.Д.
