Вести Македонија

Мехмети за Вреди: Нивната иднина е сè уште нејасна, се соочуваат со проблеми кои не се лесно решливи

Нивната иднина е сè уште нејасна, имам впечаток дека и тие не знаат точно што може да им се случи, рече Ибрахим Мехмети, аналитичар, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма за иднината на коалицијата Вреди.

„Имаат многу прашања кои што не ги решиле навреме, пред да се формираат. Се формираа многу брзи, за кратко време станаа коалиција со поддршка од надворешни фактори и мислам дека не посветија доволно внимание што ги очекува подоцна. Таа нивна акција да дојдат на власт беше успешна и сега се појавуваат проблемите за кои не беа подготвени и не размислуваа дека може тоа да им се случи“, смета Мехмети.

Според него, во Вреди се соочуваат со односи кои не се лесно решливи, во смисла на поделба на власта и на моќта во самата партија.

„Не е проблемот дали треба овој или оној, проблемот е како да се направи тоа. Тие се свесни дека треба нешто да направат, затоа што се соединија со платформа дека ќе бидат една партија уште пред изборите. Поминаа две години, а ништо не се случува. Мислам дека имаат поголеми проблеми отколку што изгледаат. Не затоа што е проблем сам по себе, туку затоа што тие не се усогласени и коалицијата не беше засновата на некои принципи, правила програмски, некоја идеологија, туку беше засновата на интереси. Сега и Таравари излезе од таа коалиција“, вели Мехмети.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Тошковски со отчет: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, сузбиени над 30 организирани криминални групи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе