Магазин Македонија

Од Преспа до Њујорк Тајмс: Желките од Голем Град продолжуваат да го привлекуваат вниманието на светската јавност

Необичното однесување и отворените прашања поврзани со потеклото и иднината на желките од островот Голем Град во Преспанското Езеро, беа во фокусот на неодамнешен напис на американскиот весник Њујорк Тајмс. Текстот беше поттикнат од новиот научен труд на нашиот херпетолог д-р Драган Арсовски, објавен минатиот месец во реномираното списание “Ecology Letters”, објави на Фејсбик Македонското еколошкото друштво.

На островот живеат околу 1.000 шумски желки – исклучително густа и навидум просперитетна популација. Меѓутоа, зад оваа бројност се крие сериозен проблем: половата структура е драматично нарушена. На секоја возрасна женка има по 19 мажјаци, што претставува екстремна диспропорција со далекусежни последици. Ваквиот дисбаланс резултира со изразена сексуална агресивност кај мажјаците, кои неретко се обидуваат да се „парат“ и меѓусебно. Женките се изложени на постојан прогон, стрес и физички повреди. Во обид да избегаат од агресијата, дел од женките завршуваат преку стрмните островски карпи – во провалија и сигурна смрт.
Вистинските причини или комбинација на фактори што довеле до оваа ситуација сè уште се нејасни. Сепак, доколку ваквиот популациски тренд продолжи, моделите сугерираат дека последната женка-желка на Голем Град би можела да исчезне до 2083 година. Ова прашање е нераскинливо поврзано и со уште една енигма: како овие желки воопшто се нашле на островот, имајќи предвид дека не се способни да го препливаат езерото.

Една од теориите е дека желките се донесени од страна на луѓето, и тоа во нееднаков полов сооднос. Тие се способни да живеат околу еден век доколку условите се поволни, а најстарите мажјаци на Голем Град имаат врежани бројки на долниот дел од оклопот – можеби индикатор во прилог на оваа теорија? Сепак, немаме конечни одговори. Она што е сигурно е дека желките од Голем Град ќе продолжат да го привлекуваат вниманието на научната и светската јавност.

👉 Линк до написот на Њујорк Тајмс: https://www.nytimes.com/…/tortoises-island-sex-cliff.html

👉 Линк до новиот научен труд на Драган Арсовски: https://onlinelibrary.wiley.com/doi/10.1111/ele.70296
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Тошковски со отчет: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, сузбиени над 30 организирани криминални групи

Дејан Дејан

Посебни термини и посебни цени за мажите и за жените на базенот во Тетово – невладините бараат еднаков пристап до јавните услуги и недискриминација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе