Вести Македонија

25-годишник од Крива Паланка загина во сообраќајка кај Нагоричане

25-годишник загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера кај Старо Нагоричане. Повредена е и 20-годишна девојка.

На 15.02.2026 околу 19:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од село Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј.(27) од село Длабочица, кривопаланечко, информираа од полицијата.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „бмв“, А.С.(20) и С.Ј.(53) двете од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово, каде што возачот С.Т. им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе