Вести Македонија

Гласоечко пеење: Традицијата која бара млади гласови и државна интервенција за да преживее

Освен објектите кои се културно наследство, на туристите да им нудиме да чујат и видат нематеријално културно наследство. Ова е начинот да го зачуваме на пример Гласоечко – пеење на два различни машки гласови, кое веќе десет години се наоѓа на листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото за ургентна заштита, вели Мирослав Гавровски од Трио Гавровски од Тетово кои се меѓу ретките изведувачи.

Ставањето на листата за ургентна заштита значи дека државата презела обврска пред УНЕСКО редовно да поднесува извештаи и да спроведува проекти, работилници, архивирање, обуки за млади за ова пеење да не остане само запис во книга, туку да продолжи да се слуша.

„Тоа што јас навистина, би бил горд тоа што Македонија може да го спроведе или општините, кон отворање на етно инкубатори каде ќе се спојуваат луѓето на кои им останало во меморијата, во сеќавање, во трансмисијата, од нивните предци за да се оживува, да се направи еден рифреш, што би рекле во однос на изведбата на она што е правилната, оригиналната форма“ – вели Гавровски.

Иако сме во ера на развој на технологија и вештачка интелигенција има начин да се зачува и пренесе оваа културна традиција на наредните генерации. Секој поединец кој ќе научи да го изведува оваа пеење ќе помогне во пренесување на традицијата, вели Мирослав.

„Треба да имаме два правци. Едниот правец да води кон задржување на основната форма на традицијата. Другиот да биде во модерна форма, може да се прават и модерни звуци, со огромна и исклучителна вклученост на експерти во оваа област етномузиколози, антрополози, етнокореолози и носители коишто до ден-денес можат тоа да го третираат во посериозна форма и на тој начин за да може да постои и понатаму“ – додава Гавровски.

Доколку се зголеми бројот на изведувачи, Гласоечкото пеење може наместо на листата за ургетна заштита да прејде на Репрезентативна листа на УНЕСКО како традиција со витално одржување.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе