Вести Македонија Најважни

Се излеа Зајашка Река – поплавени улици и домови во Кичево, евакуирани над 200 жители

Обилните врнежи од дожд ја излеаја Зајашка Река од коритото и поплавија дел од населбите во Кичево. Повеќе од 200 жители се евакуирани и привремено сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Жителите вознемиени велат дека водата уште од рано утрината почнала да ги поплавува нивните домови.

„Нема ниту еден дом што не е поплавен. За жал страна на општинските органи никој не е излезен на терен. Се однесуваат како да не се случува ништо и ние да не сме жители на Кичево. Се снаоѓаме сами како можеме“

„Се е уништено. Немаме веќе ништо. Ги молам сите надлежни да ни помогнат затоа што останавме на улица“

„Таму не се живее веќе. Не може ниту да се влезе во домовите, не пак да се седи таму. Едвај со багери не извадија од домовите“, велат жителите.

Поплавени се и подрумски простории во повеќе објекти, како и болницата во Кичево. Екипите од Црвениот крст обезбедиле ќебиња, душеци, топол оброк и вода за евакуираните.

„Нема повредени. Сите семејства што се покрај течението на реката се евакуирани. Но, очекуваме во текот на денот бројот на евакуирани да се зголеми до 230 луѓе“, кажаа од Црвен крст.

Градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски во разговор за Телма алармира дека состојбата е сериозна и побара помош од надлежните министерства и институции. Тврди дека веднаш реагирале со сите раположливи капацитети.

Во Кичево состојбата е најкритична, но поплави има и во гостиварско, каде мајка и две деца беа заглавени во куќа и навреме спасени од службите. Пријави за поплави има и во Скопје и Тетово.

Соопштение од Центарот за управување со кризи:

Во Скопски регион: Поплавени дворни места во Општина Гази Баба, Општина Сарај, Општина Зелениково и Општина Бутел.

Тетовски регион: Свлечиште на патот Тетово – Ѓермо, сообраќајот во прекин.

Гостиварски регион: Поплавени куќи во Гостивар (Беловиште, Циглана, Бањечница) и затрупан канал во Балиндол.

Од УХМР предупредуваат дека постои опасност од ново излевање на реките и поплави низ Македонија.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе