Вести Македонија

Се спасил од канцер, но смета дека лекарските грешки го направиле инвалид

Откако завршил со 28 дена зрачење и хемотерапија, на скопската Клиниката за онкологија му препорачале да се консултира во тетовската болница околу тоа дали треба да се отстрани дел од дебелото црево поради тумор.

Слободан Анѓелковски смета дека лекар во тетовската болница погрешил во процената колку од дебелото црево треба да се отстрани со операција.

Воедно, револтиран е што по отстранување на дел од дебелото црево му е направена колостома, односно здрав дел е извлечен по хируршки пат и прицврстен на стомачниот ѕид, како начин да се исфрла изметот.
„Тој ми рече нема да бидеш со кеса и ми нацрта на лист демек дебелото црево ќе биде исечено, ласерски, ќе биде отстранет туморот и ласерски ќе биде споено со долното. Евентуално, вика ќе бидеш со кеса ако биде пошироко едното црево, а другото ако биде потесно. За ампутација, не спомна ништо. Анусот е ампутиран без потреба, зошто туморот бил 8 и пол сантиметри оддалечен од ректумот. А јас дур сум можел, сум го анализирал тоа, се ампутира анусот сантим до два сантима ако е до ректумот. Мене ми бил 8,5 сантиметри и анусот ми бил ампутиран, со трајна доживотна колостома“
– вели Анѓелковски.

Слободан вели дека и на овој начин не можел да живее нормално.

Следувала втора операција во Тетово, за излекување Илиостома, поточно втора кеса за да организмот исфрла измет.

Третата операција, пак била за отстранување на таа кеса Илиостома, но во Скопје.

„После извадена Илиостома и скоро 40 дена бев во шок соба што ослабев 40 килограми. И со тоа траен инвалидитет ме прогласија во Скопје на комисија што ми дадоа пензија, 91 % неспособен за работа. Траен инвалидитет од прва категорија“ – тврди Анѓелковски.

Смета дека поради операциите има проблеми и со простатата.

„И пред првата операција ми беше оштетена малку простата од ампутирање на анусот и со втората операција ми го оштетиле бешиката и мочниот меур. Еден од техничарите беше на одмор и се врати на одмор и ја уште бев во шок соба. Вика, уште ти седи катетарот вика, ќе си имаш проблеми.  Он беше најискрен и кажа: ќе имаш проблеми со простата“ -тврди Анѓелковски.

За искажаните ставови на Слободан, побаравме одговор од Клиничка болница Тетово. Од таму информираа дека случајот е во постапка за испитување.

„Барањето и наводите на Слободан Анѓелковски сè уште се во фаза на проверка и на утврдување на факти, на начин, во постапки до органи утврдени и овластени со закон. По добивање на конечните сознанија и завршување на потребните процедури за проверка на предметни наводи, ЈЗУ Клиничка болница Тетово ќе може да заземе став и истиот да го соопшти“ – соопшти клиничката болница Тетово.

Анѓелковски вели дека раната од втората кеса не му зараснува со месеци. Смета дека не може да закрепне бидејќи наместо еднаш-два пати во текот на денот, кесата со измет му се полни и до шест-седум пати.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе