Што знаеш за Македонија?
Ако ова прашање го поставиш на некоја од платформите за вештачка интелигенција на неколку различни јазици, ќе добиеш и неколку различни одговори.
Уште поинтересно е тоа што ако ги употребиш јазиците на соседните земји, ќе добиеш и одговори кои изгледа како да се прилагодени на потребите на оној што прашува.
Особено за специфични прашања на пример поврзани со историјата или со проблемите меѓу соседите.
На Бугарски јазик освен што ќе добиеш основни податоци за Македонија, во делот за историјата уште пишува.
Сложени, со периоди на тензии поради историски и јазични прашања, но Бугарија и натаму е меѓу најактивните поддржувачи на евроинтеграциите во минатото.
Ова го нема во македонската верзија на одговорот на ова прашање, туку дека Бугарија ја условува македонија за ЕУ преговори со уставни измени.
На албански нема многу податоци за Македонија, но на пример не е споменат Охридскиот рамковен договор за разлика од Преспанскиот со кој земјава го промени името.
Доколку на грчки јазик пак се постави прашање за Македонија, тогаш одговорите се поделени.
Грчка Македонија: Останува економски, културен и туристички центар на северот како што е Солун, Халкидики, планините археолошки локалитети, храна, ноќен живот.
Северна Македонија: По Преспанскиот договор (2018) официјалното име е Република Северна Македонија. Договорот се применува, но сè уште предизвикува силни реакции и на двете страни.
Според професорот од ФИНКИ, Ристе Стојанов се работи за платформи кои користат голем број на податоци од јазиците на корисникот, и не смее слепо да се верува на таквите информации.
Зависи како го прашуваме моделот, ако го прашаме на македонски, на грчки, на бугарски јазик конкретно за нашите прашања она што му се случува на моделот е што прво ги препознава зборовите и ако се на македонски препознаени, тогаш статистиката на текстовите кои моделот ги видел во фазата на тренирање на македонски јазик дава поголема веројатност дека генерираната секвенца односно наредните зборови што ќе се генерираат одговараат на она што моделот го прочитал односно на македонски јазик, вели Ристе Стојанов –продекан за наука и соработка на ФИНКИ.
Според експертот од Хашкиот центар за стратешки студии Лаура Џаспер, која за Телма одговори дел од прашањата, сепак ова би можело да премине во странско влијание, но само под експлицитни околности.
„Многу е важно да се разјасни дека самиот модел нема „намери“. Иако не може строго да се смета за странско влијание, може да се користи како алатка за вршење странско влијание. Ширењето на дезинформациите зависи од податоците за обука, но имало случаи кога резултатите одразуваат дека се напојуваат од дезинформации“ – вели Лаура Џаспер.
Но не само Македонија има слични ситуации за слични прашања.
Експертите сметаат дека знаењето на луѓето за овие алатки мора да се зголеми но и дека владите би можеле со најразлични регулативи да се справат со ова.
Билјана Николовска

