Министерството за внатрешни работи соопшти дека во селото Драгоманце, општината Старо Нагоричане, полициски службеници го уапсиле и лишиле од слобода лицето Т.Б од селото Малотин, кој е осомничен дека пред два дена, на 12-ти февруари, во нејзиниот дом, ја нападнал и задушил со перница 78-годишната М.С од селото Челопек, во општината Старо Нагоричане, по што таа починала.
Истовремено, ова лице се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села во општината.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово извршил увид на лице место во селото Челопек, каде било пронајдено безживотно тело на 78-годишната жена.
Од обвинителството посочуваат дека по целосно испитување на фактите и прибирање на сите релевантни докази против осомниченото лице ќе биде поведена соодветна постапка.
