Вести Македонија

Јаневски: Законот за заштита од пушење треба да биде фазно донесуван, досега не добивме анализа за очекуваните ефекти

Законот за заштита од пушење треба да биде фазно донесуван, ние не сме против законот, бидејчи ги знаеме добиените резултати кои што се поразителни, но треба да се направи уште подлабока анализа и од министерството за здравство и од министерството за економија, која досега не ја добивме, за очекуваните ефекти на самиот закон, краткорочно и долгорочно, потенцира д-р Љупчо Јаневскик од Сојузот на стпански комори на Македонија во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Сметаме дека, поучени од претходникот закон, треба да биде проследен со големи кампањи за подигнување на свеста кај граѓаните во различни целни групи. Секако тука се најмладите, родителите и повозрасните, да не говориме за здравствените работници. Повеќе практики од Европа, каде што матичните лекари добивцаат одредени стимулации кога директно влијаат врз своите пациенти за откажување од пушењето“, посочи Јаневски и додаде дека тоа ќе овозможи помал притисок на туристичко-угостителскиот сектор. 

„Ако направиме една линија дека од утре нешто не треба да се применува, замислете колку се инвестициите на туристичко-угостителскиот сектор досега, кредитните линии кои што се земени, планирањето на човечките ресурси, намалувањето на одредени производи, бидејќи ќе имаме намалување на бројот на гости во затворените делови, бидејќи ќе биде строго непушење. И каков ќе биде притисокот врз туристичко-угостителскиот сектор во првата и во втората година, односно очигледен ќе биде неговиот намален удел во бруто-домашниот производ, намалување на бројот на вработувања. Или многу потешко планирање на развојот на туристичко-угостителскиот сектор, затоа што сезоналноста ќе биде уште поголема поради овој закон и ќе се стави во прашање рентабилноста на одредени објекти“, нагласи Јаневски.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За Иран американскиот напад е дивјачко кршење на повелбата на ОН

Дејан Дејан

Пристигнуваат спасувачи во Венецуела- бројот на настрадани надмина 920 луѓе

Дејан Дејан

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе