Вести Македонија

Ѓорѓиевски: Поразително е што има пушачки зони пред и во здравствените институции, потребна е контрола, но брзи резови тешко дека ќе може да се направат

Популацијата на пушачи кај нас е, речиси, 50 проценти, ако ја имаме предвид 46 проценти кај машката популација и до 48 проценти кај женската и тоа е застрашувачки, вели д-р Драган Ѓорѓиевски, претседател на ЗЛОМ-СМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Проблемот делумно го лоцирам и во самиот здравствен систем. Во досегашниот закон кој не бил баш соодветен, законот беше донесен претходно, имаше своја функција до 2018 година, потоа видоизменет. Предизвика да може да се пуши во затворени простории, при што и пушачи и непушачи беа изложени на една форма на пасивно пушење. За мене како лекар е поразително кога во здравствените институции, во одредени импровизирани ходници, одредени импровизирани скали, пред влезовите на здравствените институции имаме голем број на пушачи. Не само од медицинскиот персонал, каде што се сестрите и докторите, туку и од немедицинскиот персонал. Тоа е нешто што како земја не смееме да си го дозволиме, бидејќи никаде нема да видите во европските земји дека токму таму каде што граѓаните треба да се угледаат, а лекарите и сестроте да бидат пример, ние таму имаме токму такви пушачки зони што не треба да се случуваат“, смета Ѓорѓиевски.

Според него, многу е тешко да се одвикне од пушење.

„Се сложувам дека треба да се воведе поголема контрола, но не може ниту наеднаш да ја воведеме, како општество и земја која 20 години се градела на некој друг принцип. Наеднаш брзи резови тешко дека ќе можат да се направат и дека така брзо ќе може да се променат одредени ставови на пушачите, бидејќи пушачите не треба да ги осудиме. Пушењето, според меѓународната класификација на болести, спаѓа во зависност. Ние треба да делуваме на пушачот за полека да ги намалува цигарите и да се доведе до одвикнување од пушење. Тука Фондот за здравство ќе заштеди енормни суми во лекување на хронични заболувања кои што се појавуваат кај пушачите“, укажува Ѓорѓиевски.

Тој смета во процесот треба да се вклучи министерството за образование и јавно-здравствените центри за спроведување на активности кај младата популација, како седмооделенците, осмооделенците и деветооделенците за воопшто да не почнат со пушење.

С.Д.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За Иран американскиот напад е дивјачко кршење на повелбата на ОН

Дејан Дејан

Пристигнуваат спасувачи во Венецуела- бројот на настрадани надмина 920 луѓе

Дејан Дејан

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе