Најмалку 21 лице загинаа во бродолом во северниот дел на Судан. Бродот, што сообраќал по Нил и превезувал 30 патници, синоќа потона поради високи бранови.
Спасувачката мисија сè уште трае и се претпоставува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем. Бродоломот го преживеаја шест луѓе.
Бродските несреќи се чести во Судан, бидејќи има малку мостови, а Нил, особено во селските подрачја, најчесто се преминува со чамци и бродови.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
