Вести Македонија Најважни

Мицкоски: Tрендафилов во најмала рака треба да и се извини на пратеничката Стојаноска која објави видео од него и неговото дете

Откако пратеничката Дафина Стојаноска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ објави видео на социјалните мрежи од претседателот Слободан Трендафилов со неговото дете, во кое опиша дека синдикатот бара пратениците да одат пеш, додека тој се вози со службен автомобил. Трендафилов на тоа реагираше и појасни дека возилото му е доделено службено, 24 часа на ден, и дека има право да го користи за своите потреби. Дополнително за тоа што бил сниман побара Собранието да го одземе имунитетот на пратеничката.

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на оваа изјава опишувајќи го како човек кој е многу нервозен и навредува, а можел да биде над ситуацијата.

„Јас го видов тоа што го кажуваше Трендафилов. Видов еден човек кој беше премногу нервозен, истури навреди, но ние сме јавни личности и навикнати сме на тоа. Жалосно е што други јавни личности не се навикнати на јавна критика“, изјави  премиерот Мицкоски.

Тој додаде дека Трендафилов со „бледи оправдувања“ се обидува да се извлече од ситуацијата, но и дека е загрижен за нивото на неговата култура која ја покажал во реакцијата за пратеничката Стојаноска, и дека треба во најмала рака да и се извини за како што тој вели изречени навреди.

Т.Д.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе