Вести Македонија

Јосифовска бара извинување од Кадриу , во спротивно најави тужба

Откако реагираше обвинителот Гаврил Бубевски за изјавите на адвокатката Лејла Кадриу дека влијаел на судски одлуки, поради што најави тужба и побара јавно извинување, денеска со реакција се јави и обвинителката Елизабера Јосифовка која во соопштение до медиумите вели дека на нејзина сметка адвокатката изнела низа невистини, лаги и клевети  во однос на нејзино постапување како јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство и  во однос на  работењето на целото Специјално јавно обвинителство.

Се што адвокатката Кадриу изнесе во однос на наводното трошење на 1 милион евра за 2,5 месеци во 2015 година е лага и клевета. Податокот колку пари се потрошени во овој период е содржан во првиот Извештај за работењето на СЈО, кој е јавно објавен на 15.03.2016 година и доставен до Собранието на РМ и до Советот на јавните обвинители. Ноторен факт  е дека се потрошени  13.542.671,00 денари, а непотрошените парични средства во износ од 49.877.757,00 денари на 31.12.2015 се вратени во Буџетот на РМ. Податокот за потрошените парични средства е содржан и во завршната сметка на СЈО за 2015 година доставена до надлежните институции, пишува Јосифовска. 

Таа во соопштението додава дека Кадриу изнела низа клевети и очигледни лаги и во однос на постапувањето по предметот познат во јавноста под името „Пуч“.

-Се што кажа е лага и невистина во однос на овој предмет е очигледно од фактот што предметот со сите докази е предаден од страна на Основен кривичен суд Скопје на СЈО кон крајот на јуни 2016 година. Во тоа време Лејла Кадриу веќе не беше јавен обвинител во СЈО, па се поставува прашањето како воопшто можела да го види предметот „во некое ќуше, неотворен и спакуван во прозирни фолии“. Лејла Кадриу, не се задржа само на ова, туку со цел да се дискретитираат сите предмети на Специјалното јавно обвинителство, изнесе лаги и невистини и во однос на приемот на материјалите од незаконски прислушуваните материјали од политичката партија СДСМ и  понатамошното постапување со нив во СЈО, истакнува Јосифовска. 

Таа вели дека не присуствувала на самиот прием на материјалите на 30.12.2015 година, но начинот на нивното чување и понатамошно постапување е опишан во веќе спомнатиот прв извештај на СЈО.

-Имено, извршен е детален попис на сите примени материјали од страна на комисија во која и јас бев член,  а записникот од извршениот попис е предаден во судот како доказ во еден од предметите на СЈО, рагира Јосифовка. 

Таа во соопштението вели дека поради изнесените лаги и клевети, упатила писмено барање за извинување до адвокатката Лејла Кадриу.

Доколку не добијам извинување, во законскиот рок  ќе поднесам тужба за клевета до надлежниот суд, порачува Јосифовска. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе