Клекнат над куп урнатини што некогаш бил негов дом во Газа, деветгодишниот Махмуд Хамад со сито во рацете внимателно просејува земја во потрага по најситни коски од својата сопруга и петте деца, кои загинале кога израелски воздушен напад ја уништил зградата во декември 2023 година. Во нападот биле убиени и неговиот брат, снаата и нивните четири деца.
Според Министерството за здравство во Газа, околу 8.000 луѓе сè уште се водат како затрупани под урнатините на домовите уништени во израелската офанзива против Хамас. Повеќе од 700 тела се извлечени од почетокот на примирјето, а вкупниот број на загинати во војната надминал 72.000.
Спасувачките напори се отежнати поради недостиг на тешка механизација и ограничен пристап до делови од територијата што остануваат под израелска воена контрола. Хамад, кој преживеал со тешки повреди, вели дека е психолошки исцрпен, но истраен во намерата да ги пронајде и достоинствено да ги погреба најблиските. Слична судбина имаат илјадници семејства во Газа, кои и по две години од нападите сè уште трагаат по останките на своите најмили.
T.Д.
