Вести Македонија Најважни

Битолчани ја исмеваат исплатата на штетите од земјотресот пред 4 години

Битолчани ја исмеваат исплатата на штетите од земјотресот пред 4 години . Ги преплавија социјалните мрежи со шеги за парите што ги добиваат. Тие објавуваат извадоци од банкарските приливи, а најниската сума што една битолчанка јавно ја сподели изнесува 54 денари. Потоа следуваат суми од 80, стотина, па 300 денари.  Граѓаните се револтирани, но не изостануваат ниту сатиричните коментари

„За реновирање плативме 3.500 евра, а добивме 54 денари ,  не знам како ќе ги потрошиме“, пишува  битолчанка.
„Според Рихтер оди исплатата“, се шегува друг.
„Мене преку врски ми дадоа 200 денари“, иронично коментираат битолчани на сопствена сметка,
пишуваат граѓани.

На 9 јануари 2022 година, Битола беше погодена од земјотрес со магнитуда од 5,6 степени по Рихтер. Општината веднаш формираше Комисија за проценка на штетите, по што беа поднесени околу 2.400 пријави за оштетувања. Владата во 2024  донесе одлука да се исплатат само 5 отсто  или триесетина илјади евра од проценетата штета за сите битолчани од околу 600 илјади евра. Општината деновиве соопшти дека парите веќе  им се исплаќаат на граѓаните.

-Општина Битола започна со исплата на финансиските средства за штети од земјотресот од 9 јануари 2022 година, согласно Одлуката на Владата на Македонија од седницата одржана на 1 октомври 2024 година, во висина од 5 проценти од вкупно проценетата штета од 35 милиони денари, соопштија од Општина Битола.

Проценката на штетите ја вршеше комисија составена од 20 члена, а според одлука на Советот, на членовите им се исплаќаше   надомест од 360 денари по предмет.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе