Вести Македонија

Вештак од Словенија: Терапија на онколошки пациeнти се давала без конзилијарно мислење

Пациeнтка со рак на јајници била лекувана со терапија која не е индицирана за оваа, терaпијaта и била менувана без образложение, а комбинацијата на два лека предизвикала сериозни последици. Ова е една од вкупно 51 пациент на Клиниката за онколгија чија историја на лекување што ги анализирала вештакот од Словенија д-р Маја Равник од Клиничкиот центар и од медицинскиот факултет во Марибор. За друг пациент пак кажа дека хемотерапијата ја забрзала смртта, и посочи  дека  пред смрт, кај пациенти со рак не се дава агресивна онколошка терпија.

Вештачењето кое го правела со нејзината асистентка покажало  дека лековите се менувале без конизлијарно мислење, а потенцираше дека токму  мултидисциплинарниот пристап во онкологијата е златен стандард.

„Од 51 историја само во еден случај имаше запис од мултидисциплинарен конзилиум. Се гледа дека промените во лекувањето не биле совесно бележани и многу пати се правени без какво било објаснување. Тежината и висината беа заведени во мал број случаи, најчесто доколку во историјата имаше терапевтски лист за примена терапија. За коморбидитетите имаше уште помалку информации, многупати немаше ниту хистопатолошки наоди или дополнително молекуларно генетески. Генерално гледано, историите беа некомплетни“, вели вештакот Маја Равник.

Во голем број наоди било забележано дека пациентите добива лек, но не и какви потешкотии има без анамнеза и без клинички преглед , додава вештакот.

„Ако лекуваме без индикација, тогаш болеста е надвор од контрола, може да напредува што вообичаено се случува кај метастазирана болест и води кон дополнително влошување на пациентот заради токсичниот ефект на лекот“ кажа д-р Равник.

Одбраната на Нино Васев смета дека стриктно држење до книгите и стандардите како што говореше вештакот е невозможно. Македонија не е Словенија се работи за два различни здравствени системи рече адвокатот.

„Никој не смее на докторот да му забележи зошто таква одлука донел, ако нема личен увид со  пациентот, а ние зборуваме за пациенти кои што одамна се починати. Доктор Васев има посебна доктрина која гласи: Во Онкологијата не постои синтагма „ти си готов“. До последен момент се бориме, зошто некој лек од новиве наеднаш од тешка состојба го дига и му дава уште три години. Кој може да предвиди уште колку ќе живее, па како што кажа вештакот веќе не смее да му се дава терапијата. Тој е готов“, изјави Боби Спирковски, адвокат на Нино Васев.

Вештакот е во Скопје до петок. Во наредните денови ќе одговара и на прашањата на одбраната. На обвинтелна клупа покрај екс директорот на Онкологија Васев се и онколозите Симонида Црвенкова и и Драган Јакимовски.

Елена Ивановска Мукоска

Дигитална обработка: T.Д.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе