Денеска еко активистите ќе го блокираат кружниот тек кај поштата во Струмица, една од најфреквентните улици во градот во периодот од 13 до 15.30 часот.
Сметаат дека јавнот притисок е најефективното решение за најважните општествени прашања, па, ќе продолжат со протести и блокади сѐ додека не се најде решение за загадувањето ан воздухот.
Бараат итно ревидирање на дозволите за работа на индустриските објекти и точно да се види дали одговараат на фактичката сосотјба. Велат има многу загадувачи, но мора од некаде да се почне. Посочуваат дека моќта за дејствување е во институциите.
