Вести Македонија

Утре, блокади на улиците во Струмциа против аерозагадувањето

Втора блокада на струмичките улици за еден месец. Еко-активистите во Струмица го губат трпението и бараат надлежните со итни мерки да почнат да го решаваат проблемот со аерозагадувањето.

Велат дека почетните акции на општинските инспектори за животна средина и полицијата во кои беа казнети неколку физички лица кои гореле жици за бакар се охрабрувачки, но, недоволни бидејќи градот сѐ уште се гуши.

Бараат итно ревидирање на дозволите за рбаота на индустриските објекти и точно да се види дали одговараат на фактичката сосотјба. Велат има многу загадувачи, но мора од некаде да с епочне.

Не може да се посочи само на еден. Официјалните лица ги посочуваат домаќинствата. Точно е дека домаќинствата преземаат добар дел од загадувањето, ама имаме и други загадувачи. Голем загадувач е Еленица која користи нафтен кокс, без никакви филтри, ама сведоци сме дека почката им е во ремонт, не работи а имаме пак пикови со големо загадување, вели Горан Станишлевиќ.

 

Дел од барањата на еко активистите се и опремување на инспекторите со нова и модерна опрема за следење и мерење на загадувањето. Мерни станици, рачни уреди за мерење, дронови, но и повеќе инспектори. Активистите можат да се гласни, но моќта за дејствување е во рацете на институциите.

Чувствуваме мирис на изгорена пластика, што кажува дека нешто сомнително се случува, многу мали погони го користат својот отпад за греење, не знаеме колку им се квалитетни печките и дали имаат филтри. Ние не сме во состојба да ги лоцираме, да ги откриеме причинителите за загадувањето, ама го дишеме нечистиот воздух, додава Станишлевиќ.

Утре активистите ќе го блокираат кружниот тек кај поштата, една од најфреквентните улици во градот во периодот од 13 до 15.30 часот. Сметаат дека јавнот притисок е најефективното решение за најважните општествени прашања, па, ќе продолжат со протести и блокади сѐ додека не се најде решение за загадувањето на воздухот.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе