Најголем дел, нешто над 100 милиони, од вкупно 227, 7 милиони евра колку што досега се исплатени од унгарскиот кредит кај бизнисот, завршиле во секторот производство. Најмалку, во угостителството и хотелиерството, околу 7 милиони евра, покажуваат податоците од Развојна банка. Компаниите парите главно ги користат за канцеларии, за изградба на нови погони, а според информациите два ланци маркети со средствата градат дистрибутивни центри. Се инвестира и во опрема, а помала сума била вложена и во транспортни средства и обновливи извори.
45% од средствата се наменети за поддршка на проекти од областа на производството, 25% од областа на трговијата, 10% од областа на транспортот, 7% од областа на градежништвото, 3% од областа на хотелиерството и угостителството и 10% останато, велат од Развојна банка.
Иако, имаа и таква можнност ниту една компанија парите од унгарскиот кредити не ги искористила за инвестиции во трговски центри.
Според, податоците, одобрени се вкупно 742 проекти. Потрошена е речиси целата сума од унгарските пари за бизнисот, но , но фирмите останаа тајна. Иако, државата подигна кредит за стопанството од друга држава, нивните имиња не се споделуваат. Од Антикорупциска пак сметаат дека процесот треба целосно да биде транспарентен.
По, долги преговри меѓу владата и банките, падна договор овие пари бизнисот да ги добива со камата од 1,95 отсто. Имаат грејс период од три и рок на отплата од 15 години. 250 милиони евра за бизнисот се од кредитот од половина милијарда кој Владата го зема од Унгарија со камата од 3, 25 отсто, која ќе се враќа од буџетот.
Ирена Чачкова
Б.С.
