Администрацијата на Трамп ќе повлече 700-тини агенти од Минесота кои беа дел од операцијата против имигрантите во градот Минеаполис, која доведе до смртта на двајца американски граѓани и предизвика протести во целата држава.
Том Хоман, граничниот цар на Трамп, изјави дека повлекувањето на агентите ќе започне веднаш и ќе вклучува агенти од агенцијата за спроведување на имиграција и царини и на граничната патрола.
Хоман изјави дека 2000 агенти ќе останат во градот, додавајќи сепак дека целта е да се намали присуството на федерациските имиграциски агенти во градот на нивото пред почетокот на операцијата во декември.
Според Хоман, американската влада исто така работи на тоа да обезбеди камери за сите агенти на терен, додавајќи дека тоа е приоритет во Минесота, но планот е таква опрема да се распореди кај сите агенти на агенцијата.
На прес конференцијата во Минеаполис, Хоман ја опиша операцијата на ICE во овој град како успех и покрај многубројните судски предизвици и смртта на Рене Гуд и Алекс Прети, кои беа убиени од федералните агенти.
