Вести Економија

НБРМ: Макроекономските показатели се стабилни

Советот на Народната банка го усвои Кварталниот извештај, според кој макроекономските показатели во земјата се стабилни и во најголем дел се усогласени со октомвриските проекции. Инфлацијата во четвртото тримесечје изнесувала 4,2%, а економската активност умерено забрза, со раст на бруто домашниот производ од 3,8%, се вели во соопштението на банката.

Од НБРМ додаваат дека банкарскиот сектор продолжува со солидна поддршка за економијата, со раст на кредитите од 13% и на депозитите од 10%, додека девизните резерви достигнале 4,92 милијарди евра, обезбедувајќи стабилност на домашната валута.

Народната банка, исто така, ја унапреди оперативната монетарна рамка за подобро управување со ликвидноста и поефикасно пренесување на монетарните сигнали. На среден рок се очекува инфлацијата да се забави и економскиот раст да продолжи да се засилува, со предвидени 4% за 2026 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе одговара за убиство со умисла на Крит – поднесено обвинение против македонски државјанин во Грција

Sasko Dimovski

Димитриеска-Кочоска: Буџетскиот дефицит ќе се зголеми но за прв пат поради капитални инвестиции

Дејан Дејан

Протест во Студеничани – стоп за камионите кои натоварени со руда го оштетија локалниот пат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе