Вести Економија Топ вести

До крајот на неделата корекција на цената на оризовата арпа

Коригирана ќе биде новата производна цена на оризовата арпа до  крајот на неделата.

Ваква најава добиле кочанските оризопроизводители кои имале средба со надлежните од министерство за земјоделство во текот на минатата недела.

Пред седум дена кочанските оризопроизводители најавија дека ќе протестираат и ги блокираат патиштата, бидејќи новата производна цена на ориозвата арпа од 23 денари за килограм е многу ниска.

Тие бараат новата цена да изнесува 27 денари за килограм. Во моментов и откупната цена е ниска изнесува од 18 до 20 денари и затоа само 5% од ланската реколта е откупена.

  • Ова што се случува со откупот е катастрофа. Во амбарите речиси ни стои целата реколта од 2025. Дали 5% е откупено. Откупувачите не откупуваат, а ние сме доведени во многу тешка ситуација. Ние баравме откупна цена околу 40ден. за килограм арпа, за и ние земјоделците работиме со некаква добивка, вели Максимов-Национална мрежа на земјоделци.

Кочанските оризопроизводители велат дека  без редовен и организиран откуп, оризот и понатаму ќе остане непродаден.

  • Со редовен откуп да започнат откупувачите, бидејќи и да имаме цена доколку откупувачите не ни го земаат родот, оризот повторно ќе ни стои во амбарите. Како што реков само 5% е откупено, а тоа што е откупено е по основ на тоа што они им имат дадено репроматрејали и тоа си го наплаќаат, а откуп не се вршиизјави Тони Максимов, од Националната мрежа на земјоделци

Максимов вели дека терен веќе се преземаат одредени мерки, а ќе следуваат и санкции против откупувачите, доколку се утврдат неправилности. Според проценките од ланската реколта  произведени се од 20 и 24 илјади тони оризова арпа.

Викторија Јованова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Гвинеја го забрани извозот на суровото злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе