Претседателот на Антикорупциската комисија Адем Чучуљ не сакаше да го коментира делот за Цвета Ристовска и тоа дека нејзиниот син добивал пари од од партија. Во однос на тоа секој член на комисијата треба да оцени дали некој ќе се измземе од постапката или не.
Тој истакна дека во последен период работа на ДКСК се користи во дневнополитички цели и последните информации се во насока на дефокусирање на јавноста од енергија на нивното постапување.
За судијата Ѓоко Ристов, претседателот на Антикорупциската комисија рече дека има поднесено анкетен лист, но не бил предмет на проверка.
„Оваа година се предвидени 10 судии кои ќе бидат предмет на проверка, понатаму предмет на проверка ќе бидат и 10 обвинители, 10 министри, 10 пратеници, по 10 актуелни градоначалници и на 10 на кои им е изминат мандатот“, изјави Чучуљ.
Во делот за поднесување на имотната состојба скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски се уште нема поднесено анкетен лист.
„Пуштени му се и двата прекршочни налози и за Кисела Вода и за Град Скопје и уште е во фаза за постапка за порамнување“, рече претседателот на ДКСК.
Т.Д.
