Во вечерашната Топ Тема гостува Адем Чучуљ, актуелниот претседател на ДКСК. Тој на почетокот направи паралела со отворените предмети од минатата година кога имало 7 или 8, а сега само за овој период има отворено 6 предмети што се од интерес за јавноста.
„Еден од моменталните предмети е за тендери добиени од иста фирма, тој предмет го отворивме по пријава од СДСМ, во однос на наводите дека фирми, односно фирма блиска на директорот на СОЗР добила голем број на тендери, за наводот дека фирма на деца на Блерим Беџети не ги пријавил. Исто така отворивме и предмет за тендери во Македонски пошти за одржување на хигиена и уште неколку предмети се, не се сеќавам точно“, изјави Чучуљ.
Во делот за именувањата изборите, тема која е актуелна во градот Скопје меѓу советниците, тој нагласи дека е ДКСК има дел од надлежноста за проверување на анектните листови на избраните лица, сепак се надева дека проблемот ќе биде надминат со донесување на законото за висока раководна служба со што ќе се утврдат стриктните критеруми кои треба да ги исполнува еден функционер.
Чучуљ дополнително додаде дека ДКСК има увид во регистарот на избрани лица, па со тоа ќе види дали се именувани исти лица на повеќе фунцкии, бидејќи според неговото досегашно искуство тој сведочел низ годините наназад за едно лице да поднесе анкетен лист за повеќе функции во исто време што е недозволиво.
Во делот за предметите кои се отвораат од ДКСК беше прашан зошто некои од нив на некој начин сувопарно завршуваат, на што тој одговори дека не се согласува. Тој додаде дека форматот на седниците можеби не е интересен за новинарите и дека според него се следат само актуелни, но не и сите случаи. Чучуљ додаде и дека во следниот период ќе се разгледа некој план за да се одржуваат брифинзи по седниците со новинарите со цел да се презентираат дополнителни детали.
„Не се согласувам дека сите предмети сувопарно се завршуваат. Најголем број од предметите, и кога викаме ние постапката се запира, значи ние сме постапиле во рамките на нашата надлежност или сме побарале постапување од надлежен орган. Од друга страна се согласувам дека форматот на самите седници често можеби не е интересен за самите новинари. Самиот начин на презентирање на седницата, бидејќи деперсонализирано, имам чувство дека новинарите често не ги следат туку чекаат само актуелни случаи“, рече Чучуљ.
Т.Д.
