Вести Македонија Топ вести

(Видео) Стара куќа се урна во центарот на Битола и уништи паркирани автомобили

Се урна стара куќа во строгиот центар на Битола и целосно уништи неколку паркирани автомобили на станари од зградата позната како поранешен ЈАТ. На оваа локација во 2022 година, Општина Битола ги отстрани лимените гаражи на станарите кои тогаш со протести жестоко се спротивставија на ваквата одлука.

Станарите велат дека повеќепати реагирале за лошата состојба на објектот, кој со години претставува опасност, но институциите не презеле никакви мерки.

На вонредна седница одржана во ноември, владеачкото мнозинство во Советот на Општина Битола донесе одлука оваа парцела, која е во сопственост на државата, да се пренамени во јавен паркинг. Сепак, до денес ЈП „Паркинзи“ сè уште не го ставило просторот во функција.

Од претпријатието за Телма информираат дека се чека изработка на сообраќајно-техничка документација, по што ќе започне наплатата за паркирање. Просторот во моменtот е ризичен и небезбеден, a опозицикста ЛДП излезе со реаkција дека од секое сокаче не бидува паркинг.

Сопствениците на оштетените автомобили бараат обештетување.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе