Вести Македонија

Владата решава за судбината на одземените крави?

Идната недела на владина седница ќе се решава судбината на кравите од кривопаланечко кои Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги одзеде од сопствениците со полициска асистенција. Државата треба да одлучи дали животните ќе завршат во кланица или ќе се бара друго решение. Според извори на Телма, во моментов се собрани 63 крави и се сместени во приватнa кланица, каде што се хранат и чуваат, а за кои АХВ има склучено договор, но конечната одлука е во рацете на Владата.

Засега, ниту една надлежна институција нема точна евиденција колку крави всушност имале сопствениците. Според извори на Телма, во 2017 година тие располагале со околу 70 грла, а до 2019 година за нив добивале и државни субвенции.

Нова акција за фаќање на преостанатите крави во кривопаланечко се очекува во наредните денови, но слични акции ќе има и во неколку други општини, каде што се регистрирани вакви случаи, но со помал број на говеда.

Инстиуциите имале и сомнежи дали месото се продава на црно во кланици низ цела држава и дали се вмешани и вработени во институции. Според информации на Телма, инспекторите имале акција за да ги фатат на дело, но таа завршила безуспешно.

Откако за случајот алармираа жителите на повеќе села во кривопаланечко кои се пожалија дека со години кравите им ги уништуваат земјоделските посеви, а се соочувале и со сериозни закани од семејството Ѓоргиевски, институциите излегоа на терен. Но, ситуацијата беше тензична, па таткото и една од ќерките завршија во притвор. Но, според сознанијата на Телма, таткото и ќерката од крајот на минатата година се бранат од слобода, а судот и определи мерки на претпазливост.

Обвинителството поднесе обвинителен предлог за спречување на службено лице при вршење службено дејствие, поврзано со инцидентот од 2 декември. Тогаш, обвинетите не им дозволувале на инспекторите од АХВ да го одземат крупниот добиток, и покрај правосилното решение.

Таткото се товари за загрозување на сигурноста на присутните со сериозни закани, додека една од ќерките е обвинета за напад врз полициски службеник кој бил повикан да асистира. Според обвинението, таа го повредила полицаецот.

Семејството тврди дека овој случај не е административен спор, туку системска злоупотреба, насилство и прикривање на докази. Велат дека случајот е исконструиран и нема ниакви злоупотреби за нивен бизнис.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен маж осомничен за убиство на поранешната сопруга – уште еден фемицид во црните статистики

Дејан Дејан

Отчет на ВРЕДИ критики од ДУИ

Дејан Дејан

КОД: Кој сече шума на диво кај езерото Козјак?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе