Вести Македонија

Димовски: Не е првпат ТИРЗ да склучи договор со агенција за времени вработувања, во ТИРЗ Тетово нема ангажман на луѓе

Договорот на ТИРЗ со приватна агенција за времени вработувања се склучува веќе неколку години, не се склучува првпат, рече Гоце Димовски, директор на ТИРЗ, за вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Се склучи и во 2025 година и во 2024 година, меѓутоа дефинираната вредност не значи дека ќе се исполни целата, односно искористи. Тоа е ако има потреба за нови вработувања на дирекцијата за ТИРЗ во иднина. Знаете, ние се шириме со нови компании, кога има што повеќе компании, треба и повеќе луѓе во зоните да ги опслужуваат. Тоа е договор што бил склучуван и претходните години и едноставно се склучува за потребите на дирекцијата врз основа на потребата од ангажирање на нови работници“, истакна Димовски за најновиот склучен договор за времени вработувања на сума од 760.000 евра.

Димовски нагласи дека во ТИРЗ Тетово нема вработувања, ниту пак имало таму од моментот на негово преземање на дирекцијата на ТИРЗ.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единаесет загинати падна цивилен авион во Франција

Дејан Дејан

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе