Вести Македонија

Кржаловски: Војна меѓу Европа е САД изгледа нестварно и веројатно е далеку од тоа

Војна меѓу Европа и САД изгледа нестварно, барем до пред некој период и веројатно е далеку од тоа, смета Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во денешното издание на „Директно“ на ТВ Телма.

„Мене ми прашањето, зошто всушност се дојде до таква констатација или што сето ова? – Има многу различни варијанти, бидејќи на крај се сè сведува на шпекулации зошто се доведе до ескалација на ситуацијата, особено околу Гренланд, до тоа ниво“, вели Кржаловски.

Тој не верува дека, имајќи ги предвид мегаломанските амбиции на Трамп, дека е исклучена намерата за поседување на Гренланд како опција.

„Дека сака да биуде забележан како претседател кој значително ја зголемил територијата на државата. Но, да речеме дека тоа беше преголем залак. Други коментари беа дека тоа се употребува за да се добијат концесии за многу други работи, од минерали до воени бази. Проблемот таму излезе дека сетоа тоиа го имаат Американците со постоечкиот договор со Данска од 1951 година. Така, и тоа објаснување не држеше многу вода. Третото беше дека е некое дефокусирање дали од Епстајн фајловите, дали од ова што се случува во Минесота. Кога нема резултати на домашна сцена, ајде сега ќе правике нешто, ќе го киднапираме Мадуро, ќе зборуваме за Гренланд, да се заташкаат работите дома“, смета Кржаловски.

Кржаловски наведе и четврта теза за деескалацијата на тензиите меѓу САД и ЕУ за Гренланд.

„Тоа е берзата, односно за тој еден пред Давос, берзата падна 4 посто или 1,2 трилиони долари. Таа за два дена се врати, откако се исправи Трамп во реториката дека ќе нема воена интервенција, вредностите полека, не дојдоа на истото нив, но почнаа да се враќаат. Ама во тие два-три дена тргување, кога толкава е трилионска промената, некои станаа милијардери или милијадерите го зголемија своето богатство за некоја милијарда“, вели Кржаловски.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен маж осомничен за убиство на поранешната сопруга – уште еден фемицид во црните статистики

Дејан Дејан

Отчет на ВРЕДИ критики од ДУИ

Дејан Дејан

КОД: Кој сече шума на диво кај езерото Козјак?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе