Во Македонија нема екстремна крајна десница, а кај европската крајна десница нема интерес за поврзување со крајната десница во Македонија, Црна Гора и Косово. Најорганизирана и најповрзана со европските, но и руската и украинската е крајната десница во Србија. Ова го покажало истражувањето за поврзаноста на крајната десница во Западниот Балкан и таа во ЕУ, при што во контекст на Македонија се констатира дека нема меѓународна соработка на ниво на супкултури во кои најчесто се организирани крајно десничарските движења, но соработката не е голема ниту на политичко ниво.
- „Зачестеноста на крајно чисто екстремни десно ориентирани групи во земјата не е толку голема, особено споредено со Србија. Од нашето истражување може да се види дека дури и на политичко ниво во Македонија нема меѓународно вмрежување со пошироката мрежа на европска крајна десница“, Рихард Страка, од Универзитетот „Матеј Бел“ во Словачка.
Страка смета дека поради тоа Македонија, засега, се наоѓа во побезбедна зона и оти крајната десница во Македонија нема да се развива во нешто поекстремно отколку што е сега, освен ако не се случат големи геополитичките промени.
Кајрано десничарските парти и органиации во Македонија, според Димитар Николовкси, од „Евротинк“, еден од авторите на истражувањето, смета дека одговараат на еден вакуум кој се создава во општеството со застојот во евроинтеграциите и зголемувањето на евроскептицизмот со привлекување кон себе, особено на млади луѓе.
- „Има и таа е обично од проруска провиниенција. Има неколку помали политички партии, исто така и организации, кои немаат електорален успех, меѓутоа имаат доста големо присуство на интернет преку поткасти и преку социјалните мрежи. Мислам дека ќе се развива повеќе во иднина затоа што тоа е глобален тренд иако ние тапкаме како Македонија во тоа, за наша среќа“, вели Николовски.
Порастот на екстремната крајна десница во Европа ќе зависи во голем дел и од однесувањето на Америка и дали тие ќе ја поддржат или не, додека справување со неа ќе биде задача на секоја национална влада поединечно, бидејќи на ниво ЕУ неможе да направи нешто унифицирано по тоа прашање.
Тамара Грнчароска
Б.С.
