Вести Економија Македонија Најважни

Продолжува блокадата со камиони на товарниот сообраќај на граничните премини во државава

Блокадата со камиони на товарниот сообраќај  на граничните премини во државава продолжува и денеска, како дел од заедничкиот протест на македонските и превозниците од Западен Балкан кои бараат решение за проблемите поради електронската евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена од април годинава.

Наспроти блокираниот товарен сообраќај на премините кон шенген зоната, кој, според најавите ќе трае најмалку седум дена, патничкиот сообраќај, функционира непречено.

Камионските превозници од државава и нивните колеги од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, сметат дека ЕЕС системот ги дискриминира во однос на тие од ЕУ и бараат да им биде доделен посебен статус и да ги третира како туристи при влез во блокот.

Европската комисија порача дека внимателно ја следи ситуацијата и е во постојан контакт со партнерите од Западниот Балкан.

– Свесни сме дека за бројни работници од трети земји, кои не се меѓугранични работници, можеби има потреба да останат во Шенген повеќе од 90 дена во 180 денови. Ова ги вклучува професиите за кои е потребна висока мобилност, како што се камионџиите, спортисти и артистите. Ова исто така има врска со националните правила и постоечките билатерални договори. Ова е проблем кој го има целото наше внимание. Исто така, на ова се работи, во контекст на Стратегијата за визи што треба да биде претставена подоцна неделава – кажа Маркус Ламберт, портпарол на ЕК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен маж осомничен за убиство на поранешната сопруга – уште еден фемицид во црните статистики

Дејан Дејан

Отчет на ВРЕДИ критики од ДУИ

Дејан Дејан

КОД: Кој сече шума на диво кај езерото Козјак?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе