Реформскиот пакет од 6 закони за буџетот во правосудството е во процедура и во дебата, а премиерот Христијан Мицкоски смета дека пакетот измени е само за покачување на платите на судиите. Тој во изјава и одговро на новинарско прашање тврди дека судството во Македонија добива повеќе буџетски пари од судството во земјите на Европската Унија.
Судскиот независен буџет треба да изнесува 0,8% од Бруто домашниот производ на државата, а реформите со независниот буџет се дел од обврските во рамки на процесот на приближување до стандардите за судска независност на ЕУ.
Измените треба да придонесат исполнување на обврските на државата за процентот, како и поголема независнот при вработувања на судски и обвинителски службеници, за нови судии и обвинители. Државата досега речиси никогаш го нема исполнето законскиот минимум од 0,8% од БДП за судскиот буџет.
-Реформите во судството се за зголемување на платите. Промената на шесте закони, главната реформа е да се зголемат платите. Следната година ние треба да вратиме 2 милијарди евра, некој што го направил претходно, и што не задолжил сите нас и нашите неродени деца. Во буџет од 6,5 милијарди, ние треба да враќаме 2 милијарди долгови, од некој кој душмански ја задолжувал државата. Ја повикувам јавноста нека каже, дали треба да се зголемат платите на судиите и обвинителите? Еве, јас ќе ја донирам мојата плата, ама барем нека судат согласно закон. Моралот не ми дозволува да се согласам на зголемување плати на лица кои немаат никаков рејтинг. И, ако е тоа клучната реформа која треба да се направи, простете, но јас нема да ја направам, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашање на новинари во општина Аеродром.
Миомир Серафиновиќ
